Emel Öz Gözellik
14 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
АНКАРА (АА) - Под глечерите на Антарктикот се откриени 91 вулкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на проектот што го водат истражувачите од Универзитетот Единбург, откриен е мошне голем вулкански регион под ледената покривка во западниот дел на Антарктикот.
Геологот Роберт Бингам соопшти дека при истражувањето се пронајдени 91 вулкан во регионот и додаде оти сега се испитува колку од нив се активни.
„Многу е значајно за нашата планета да се определи колку од овие вулкани се активни, бидејќи дури и ако еден од нив еруптира, ќе предизвика топење на ледената прекривка во регионот, при што ќе се зголеми нивото на водата во Јужниот Океан“, истакна Бингам.
Наодите од истражувањето се објавени во списанието „Geological Society“ (Геолошко друштво).