Barry Ellsworth
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ТРЕНТОН (АА) - Бумбарите се соочуваат со зголемен ризик од истребување како резултат од употребата на пестициди на глобално ниво, се вели во канадската студија објавена вчера, во која се истакнува дека зуењето на бумбарите не е добро, пренесува Anadolu Agencu (AA).
Kанадски научник за животна средина вели дека студијата покажува оти тиаметоксамот пронајден во неоникотиноидните пестициди, кои најмногу се користат во светот, за над 25 проценти ги намалува шансите на матицата бумбар да создава нови колонии.
„Матиците бумбари кои биле изложени на пестицидот имаат за 26 отсто помалку шанси да положат јајца за да основаат колонија“, изјави за канадските медиуми професорот за животна средина од Универзитетот од Гуелф (Канада), Најџел Рејн, главен раководител-истражувач во студијата објавена во списанијата „Nature Ecology“ и „Evolution“.
„Влијанието на пестицидот врз бумбарите е поголемо отколку што очекував. И нашето моделирање укажува дека би можело да има огромно влијание врз издржливоста на видот (заедницата) и ја зголемува можноста видот да се соочи со истребување“.
Рајн го спроведе истражувањето во својата универзитетска лабораторија заедно со истражувачите од Универзитетот „Ројал Холовеј“ (Royal Holloway) во Лондон.
Ефектот на намалувањето на популацијата бумбари може да има сериозни глобални реперкусии врз земјоделството. Околу 33 отсто од културите што ги консумираат луѓето бараат опрашување, а бумбарите се одговорни за околу 80 отсто од тоа.
Покраината Онтарио во Канада е прва којашто во Северна Америка наметна ограничувања во употребата на неоникотиноид, инсектицид кој е сличен на никотинот, а во Европа е донесен мораториум.
„Создавањето на нови пчелни колонии е од витално значење за опстанокот на бумбарите – доколку кралиците не произведуваат јајца или не засноваат нови колонии, можно е бумбарите да изумрат целосно“, вели истражувачот од Ројал Холовеј, д-р Џема Барон.
Инаку, популацијата на пчели се намалува на глобално ниво, а истражувањата како што е ова на Барон и Рејн укажуваат дека неоникотиноидите се фактор за нивното намалување.