Seyit Aydoğan
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ФОРТ МЕКМАРЕЈ (АА) - Областа на Форт МекМареј, во која се случува најголемиот шумски пожар во историјата на Канада, продолжува да напредува. Пожарот кој претходно го претвори во пепел јужниот дел од градот, од минатата недела започна да пустоши кон север, јавува Anadolu Agency (AA).
- Пожарот напредува 40 метри во минута -
Според информации добиени од одговорните во регионот, пожарот кој до минатата недела претвори во пепел 201 илјади хектари шума, неделава опожарената шума се искачи на 285 илјади хектари. Пожарот кој го зафати северниот дел на Форт МекМареј секоја минута напредува од 30 до 40 метри. Од регионот во побезбедни зони префрлени се 8.000 лица кои работеле на 12 нафтени полиња.
- Во опасност се животите на пожарникарите -
Портпаролот на противпожарниот информациски центар на Форт МекМареј, Тревис Феирведр, истакна дека противпожарните екипи кои се обидуваат да го стивнат пожарот, работат под сериозна опасност.
„Пожарот со промена на насоката на ветерот, моментално може да ги зароби екипите. Големите облаци чад, ограничената видливост и непредвидливата насока на пожарот, пожарникарите ги става да работат во многу ризична средина“.
- Пожарот негативно се одразува на цената на суровата нафта -
Големата побарувачка за бензин од страна на САД, радикалните измени во секторот за нафта во Саудиска Арабија и намаленото производство на нафта во Канада поради случувњата во Форт МекМареј доведе цената на нафтата да се искачи над 48 долари по барел.
Областа која има капацитет дневно да произведува 500.000 барели сирова нафта, ги поседува најбогатите нафтени полиња во Канада. Експертите предвидуваат дека доколку продожат пожарите, цената на суровата нафта може да ја надмине вредноста од 50 долари по барел.