Ilgın Karlıdağ
07 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Најмалку десет лица се повредени во пожар кој рано утринава избувна во зграда во предградието на главниот град на Шведска, Стокхолм, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски официјални лица за шведската новинска агенција "TT" кажаа дека пожарот најверојатно е предизвикан од експлозија во продавница за цигари која се наоѓа во зградата.
Несреќата се случила во западното предградие на Стокхолм Велинбај, каде полицијата уапси две лица осомничени за поврзаност со случајот.
Полициски официјални лица, исто така, соопштија дека петмина од десетте повредени задржани се во болница, и дека од зградата се евакуирани најмалку 23 мештани.
"Досега немаме добиено лекарски извештаи за видот на повредите на хоспитализираните, но знаеме дека едно лице има скршена нога кога скокнало од прозор со цел да се спаси од огнената стихија", изјави службеникот од полициската станица во Стојкхолм, Николас Матсон.