Zeynep Beyza Kılıç
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
АНКАРА (АА) - Истражувачите од Универзитетот Манчестер ја проучуваат употребата на материјали со цел да ги направат соларните панели поевтини и поефикасни, јавува Anadolu Agency (AA).
Универзитетот Манчестер вчера ги објави резултатите од истражувањето, во коишто го истакнува потенцијалот за намалување на трошоците за производство и изработка на соларни ќелии за соларните панели. Овие откритија треба да ја направат електричната енергија за луѓето поевтина, со користење на честици од полистирен, наместо скапи полимери, кои се вообичаени во традиционалното производство на панели.
„Традиционалните фотоволтаични панели содржат силикон за да ја соберат светлината што потоа се претвора во енергија, но тоа е скап, енергетски-интензивен материјал за произведување. Неодамнешните истражувања се ориентираа кон создавање панели преку употреба на поевтино соединение, перовскит, како слој кој ја собира светлината, наместо силикон“, се вели во истражувањето.
Истражувањето покажува дека со употреба на изолациски полистиренски микрогелни честички во перовскитните соларни ќелии, нов вид на соларен панел, можно е да се зголеми ефикасноста на конверзијата и со потенцијално релативно пониски трошоци за еден ват.
Сегашните перовскитни сончеви ќелии обично користат органометален халид перовскит како апсорбер на светлина, кој се распаѓа кога е изложен на вода, што ја прави практичната примена ограничена.
Ќелиите, исто така, се потпираат на порозниот преносен слој, кој го поттикнува ефикасното движење на електричната струја по изложеноста на сончева светлина. Меѓутоа, производството на органски материјали за изработка на влабнатиот преносен слој е многу скапо и тие немаат долгорочна стабилност, велат истражувачите од универзитетот.
„Перовскитниот слој во соларните ќелии не е инхерентно нестабилен, туку потребните органски материјали за изработка на порозен транспортен слој. Тие органски материјали направени од собрани полимери се тенки, но се релативно скапи и имаат значителен удел во вкупната цена на соларната ќелија. Во оваа студија го користевме полистиренот, кој сочинува десет илјадити дел од цената на полимерите, а исто така е и хидрофобен, што придонесува за подобра стабилност на перовскитните сончеви ќелии“, објасни Брајан Сандерс, професор по хемија на полимери и колоиди на Универзитетот во Манчестер.
„Потребни се повеќе истражувања за да се добие слика за целосниот потенцијал на технологијата на перовскитните соларни ќелии“, рече Сандерс и додаде: „Затоа гледаме како најдобро да се произведуваат перовскитните соларни ќелии, да бидат суви и да се направат комерцијално одржливи во иднината“, додаде Саундерс.