Recep Şakar
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
МЕЛБУРН (АА) - Дводневниот „Technology & Gadget Expo 2017“ кој беше отворен вчера во австралискиот град Мелбурн, ги привлече посетителите кои беа заинтересирани за најновите иновации во светот на технологијата и роботиката, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот го привлече вниманието на сите возрасти, а на него беа презентирани електрични автомобили, компјутерски игри, беспилотни летала, роботи, но и други технолошки достигнувања.
Младите посетители покажаа голем интерес за компјутерските игри, беспилотните летала и роботите.
На саемот за технологија посебно голема заинтересираност имаше на штандовите на кои беа претсавени електричните возила, за чија употреба се подготвуваат голем број земји.
Саемот кој завршува денес е посетен од околу 20.000 луѓе.