Büşra Selvi Öğütcen
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Кинески бородови се забележани околу спорниот остров Паг-аса во Јужното Кинеско Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Сателитски снимки од островот Паг-аса објави Иницијативата за транспарентност на азиските мориња (AMTI), која е дел од Стратешкиот и меѓународен истражувачки центри (CSIS) со седиште во Вашингтон. На снимките се забележуваат 9 цивилни и 2 државни бродови на растојание од 2 до 5,5 километри од спорниот остров Паг-аса, познат и како „Титу”, за кој Филипини тврдат дека е нивен.
Кина, Филипини, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван тврдат дека имаат право на сопственост врз Јужното Кинеско Море, кое е едно од најважните морски патишта и место на кое се наоѓаат големи резерви од хидрокарбон. Пекинг формира воени бази врз вештачките острови кои ги изгради во спорните води на Јужното Кинеско Море. Тврдењата дека Кина префрла оружје на овие вештачки острови во своите новоформирани воени бази се причина за тензии меѓу Кина и земјите од регионот.
На сателитските снимки се забележува дека во последно време Пекинг во голем обем поставува системи за оружје на островите. Според експертите, ваквата состојба ѝ дава на Кина „ефективна контрола” врз Јужното Кинеско Море.
Кина изјавува дека оружјето на островите е поставено со цел да служи во со цел одржување на мирот.