Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ЗАМБОАНГА СИТИ (АА) - Најмалку три лица се повредени и четири куќи уништени во силниот земјотрес кој денес ги погоди Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Во силниот земјотрес со интензитет од 6 степени кој денес пред зори го поgоди градот Замбоанга, жителите се разбудија од силното тресење на куќите и зградите, а гостите истрчаа од нивните хотели.
Главниот полициски инспектор во градот, Хингминг Лаџали, за АА изјави дека мајка и дете се помеѓу повредените кога се срушил ѕид од нивната куќа.
Исто така, уште една жена наводно се здобила со телесни повреди во селото Синунук.
Филипинскиот институт на вулканологија и сеизмологија (Phivolcs) соопшти дека земјотресот се случил на околу 19 километри северозападно од Балигуиан,
'Phivolcs' соопшти дека во реоните со интензитет од 6 степени, како што е Замбоанга, луѓето ја губат својата рамнотежа.... Тешките објекти и мебелот се поместуваат, малите црквени ѕвона можат да заѕвонат.
Во 1976 година, земјотрес со интензитет од 7,9 степени недалеку од Полуостровот Замбоанга, резултураше со 8,000 загинати или исчезнати лица.