Büşra Selvi Öğütcen
20 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ЛАКНАУ (АА) - Железничка несреќа се случи во градот Музафарнагар во држвата Утар Прадеш, сместена во северниот дел на Индија. Во несреќата животот го загубија најмалку 23 лица, а 81 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Висок претставник на Утар Прадеш соопшти дека во близина на местото Катаули, кое е дел од подрачјето на Музафарнагар, шест вагони од еден патнички воз излегле од шините.
Во соопштението се наведува дека во несреќата животот го загубиле најмалку 23 лица, додека 81 се повредени.
Во меѓувреме, со објава на својот профил на социјална мрежа излезе министерот за Национални железници, во која вели дека се завршени операциите за пронаоѓање и спасување на настраданите и дека е започната поправка на пругата.
Министерот соопшти дека на семејствата на загинатите ќе им биде исплатено обештетување во висина од 5.500 долари.
На пругите во Индија кои се во сопственост на државата, дневно се движат 11.000 возови кои превезуваат околу 23 милиони патници. Во ноември минатата година, во оваа иста индиска држава, од шините излетаа 14 вагони на еден патнички воз. Во несреќата животот го загубија 145 лица, додека 226 беа повредени.