Ekipa
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
БАНКОК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, при својата посета на Виетнам истакна дека е потребно спорот за суверенитет врз Јужното Кинеско Море да се реши по мирен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на САД, Обама, кој се наоѓа во тридневна посета на Виетнам, одржа говор во Меѓународниот конгресен центар каде што беа присутни околу 4.000 лица.
„Големите народи не треба да прават притисок врз помалите. Недоразбирањата е потребно да се решат по мирен пат“, изјави Обама.
Обама во својот говор, кој виетнамската национална телевизија го пренесуваше во живо, истакна дека САД не зазема страна околу недоразбирањата во врска со Јужното Кинеско Море, но дека ќе придонесе да се заштитат битните права на партнерите од регионот, како што е слободата за навигација.
Зборувајќи за спорот во Јужното Кинеско Море, Обама неименувајќи ја Кина истакна: „Виетнам за да ја обезбеди својата меѓународна безбедност ќе добие сè што му е потребно. И малите и големите народи имаат право на национален суверенитет и мора да се почитува територијалниот интегритет.“
Обама повика на продолжување и зајакнување на регионалните организации како што се Асоцијацијата на југоисточни азиски народи (ASEAN) и Самитот на Источна Азија и додаде дека „САД може да им понуди соработка на земјите од регионот“.
Во првиот ден од посетата, претседателот на САД Обама се сретна со претседателот на Виетнам, Чан Даи Куанг, и во разговорот му соопшти дека е отстрането ембаргото за оружје кое дотогаш го имаше Виетнам.
Владата на Пекинг врши притисок врз суверенитетот на земјите, како што се Филипини, Виетнам, Брунеи и Малезија, кои се наоѓаат во подрачјето на Јужното Кинеско Море, кое е богато со природни ресурси. Последните две години Кина врз коралните острови во Јужното Кинеско Море испумпува песок и ги прекрива со бетон, формирајќи вештачки пространства, што предизвика зголемување на тензиите во регионот.