Ekipa
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
КАИРО (АА) - Шефот на египетската форензичка агенција Хишам Абдел-Хамид ги демантираше денешните извештаи дека деловите на телата, пронајдени по падот на авионот на EgyptAir со 66 патници и членови на екипажот, укажуваат на експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Што и да е објавено во врска со тоа е неоновано и чиста претпоставка”, изјави Абдел-Хамид во изјавата за Египетската новинска агенција МЕНА.
Претходно неименуваниот египетски експерт за форензика за медиумите изјави дека деловите на човечките тела пронајдени по падот на авионот укажуваат на експлозија која предизвикала пад на леталото.
Неименуваниот експерт е дел од египетскиот тим на истражувачи и лично ги прегледа остатоците од телата во мртовечницата во Каиро. Наведе дека сите 80 пронајдени делови од телата, кои се доставени во Каиро, се мали и „нема ниеден цел дел од телата, како што е рака или глава” .
„Логично објаснување би било авионот да се срушил поради експлозија”, заклучи тој.
Авионот со 66 патници и членови на посадата, во четврток на 19 мај, на летот од Париз кон Каиро исчезна над источниот Медитеран, отако влезе во египетскиот воздушен простор. Кратко потоа е утврдено дека авионот падна во Средоземно море.
Спасувачките тимови пронајдоа неколку надворешни делови од леталото, седиштето од авионот, лични работи на патниците и неколку тела.
Потрагата е насочена на трупот на авионот од кој се верува дека е на морското дно, а во кој се наоѓаат црните кутии кои ќе ги откријат причините за падот на авионот.
Вчера египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси наложи ангажман на египетската подморница која може да пребара на 3.000 метри под морето.