Recep Şakar
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
МЕЛБУРН(АА) - Околу илјадници демонстранти денес се собраа на мирните протести во Мелбурн и ги повикаа властите да не ги толерираат расистичките и исламофобни напади на било која група во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот е организиран на покана на Групата за борба против расизмот и фашизмот а поддржан е од неколку невладини организации и движења во Австралија.
“Муслиманите се добредојдени но не и расистите”, “Слобода за мигрантите”, “Ова беше и ќе остане земја на Абориџините”, “Не на расизмот и исламофобијата”, се некои од пораките испишани на транспарентите на демонстрантите на Плоштадот на федерацијата во центарот на Мелбурн.
Портпаролот на Групата за борба против расизмот и фашизмот, Езекил Окс, изјави дека на десничарските групи и движења нема да им биде дозволено да ја нарушат мултикултурната структура на Мелбурн.
“Денес овде сме собрани сите, мажи, жени, деца, синдикалисти. На овој начин покажуваме дека сме обединети во борбата против неонацистите”, порача Окс.
Демонстрациите траеа два часа и не се забележани поголеми инциденти.
Иако имаше одредени најави, денес во центрот на Мелбурн не се одржаа антимуслиманските протести подготвувани од страна на радикално-десничарските групи.