Enes Kanlı
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
БЕЈРУТ (АА) – Командантот на Хезболах, Исмаил Наџиф Халав, загина во судирите кои се водат во северниот дел на сирискиот Алепо помеѓу Хезболах и силите на сириската опозиција, којашто го контролира тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската новинска агенција Фарс и неколку портали блиски на Хезболах, јавуваат дека најмалку десет милитанти меѓу кои и командантот Халав се убиени за време на судирите кои на северниот дел на регионот во Алепо се водат веќе два дена.
Хезболах не ги коментираше наводите за загинувањето на командантите и уште девет борци во северниот дел на Сирија, но и претходна пракса на милитантите на организацијата е официјално да соопштат во врска со своите загинати борци откако телата на загинатите се пренесат во Либан.
Милитантите на Хезболах активно учествуваат во војната во Сирија и сојузници се на сирискиот режим во многуте фронтови во северна Сирија.
Еден од тие фронтови е и градот Мадаја во кој цивилите умираат од глад и немаштија поради повеќемесечната опсада од сириската војска и Хезболах. Инаку Хезболах не сака да ја соопшти точната бројка на своите загинати борци во Сирија.
Обзерваториумот за човечки права во Сирија, во својот последен извештај наведе дека на боиштата во Сирија од март 2011 година досега загинале над илјада припадници на милитантната група.