Can Erözden
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
АНКАРА (АА) - Првата турска истражувачка база на Антарктикот ќе биде поставена наредната година, изјави денес турскиот министер за наука Фарук Озлу, јавува Anadolu Agency (AA).
Тим од девет научници минатиот месец заминаа на континентот со цел да се спроведе физибилити студија во замрзнатата пустина.
„Ќе поставиме база таму“, изјави турскиот министер Озлу пред уредничкиот колегиум на АА. „Ќе спроведеме научно истражување, ќе останеме таму“.
Во април минатата година, тим од 14 турски научници, вклучувајќи лекари, ботаничари, геодети и геолошки инженери, како и океанографи од седум турски универзитети, за првпат заминаа на научна мисија на Антарктикот, со цел да го проучат влијанието на климатските промени.
„Базата најверојатно ќе биде поставена во 2018 година“, истакна Озлу. Нагласувајќи дека 53 земји веќе имаат поставено бази таму, тој додаде: „Турција исто така ќе има база на Антарктикот“.
„Објектите и структурите што ќе бидат инсталирани ќе ги направиме во Турција и ќе ги испратиме со брод“.
Тимот од Поларниот истражувачки центар при истанбулскиот Технички универзитет (ITU PolReC), кој беше основан во 2015 година, треба да се врати од мисијата во период од еден месец, со цел да ја избегне тешката зима на Антарктикот, каде што температурите можат да опаднат до минус 80° C.