Hasan Özkal
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
АДИЈАМАН (АА) - Претседателот на Управата за катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) на Турција, Халис Билден за земјотресот кој се случи во градчето Самсат во областа Адијаман изјави дека нема жртви и сериозно повредени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Засега нема загинати или сериозно повредени. Во две села забележана е мала материјална штета. Од 6 области испративме спасувачки екипи на теренот”, истакна Билден.
Tој за АА изјави дека во 14.07 часот по локално време, во турската област Адијаман со епицентар во Самсат се случил голем земјотрес со интензитет од 5,5 степени, по кој се забележани неколку последователни потреси.
Билден истакна дека последователните земјотреси продолжиле извесен период, но дека нивниот интензитет биле под 4 степени.
„Нема загинати или посериозно повредени. Во две села забележана е мала материјална штета. Од 6 области испративме спасувачки екипи на теренот. Покрј тоа, на теренот е испратено и мобилното возило за транспорт на АФАД, снабдено со ќебиња и потребни средства. Ги молам граѓаните да не ги користат домовите кои делумно претрпеле штети. Постојано сме во контакт со гувернерот на Адијаман, градоначалникот и управителот на околија на Самсат. Тргнавме на пат заедно со екипата за да ја видиме ситуацијата од самото место”, рече Билден, претседателот на Управата за катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) на Турција.