Fatih Hafız Mehmet
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
АНТАРКТИК (АА) - Бројот на туристи кои го посетуваат Антарктикот во последниве години е во пораст, говорат податоците на Меѓународната асоцијација на тур-оператори на Антарктикот (IAATO), јавува Anadolu Agency (AA).
„Бројот на туристи кои го посетуваат Антарктикот пораснал за 28 отсто во текот на последните пет години“, велат од aсоцијацијата.
Вкупниот број посетители на Антарктикот во сезоната 2013-2014 година изнесувал 37.405, додека во сезоната 2017-2018 тој се зголемил на 51.707 посетители.
Цените на турите за Антарктикот се движат од 5.500 до 96.100 долари.
Речиси 98 проценти од посетителите до Белиот Континент пристигнале по морски пат од Јужна Америка.
Континентот најголем број посетители привлекол од Соединетите Американски Држави (САД) - 33 отсто, потоа од Кина - 16 отсто, а 11 отсто од туристите дошле од Австралија.
Аманда Лајнс од Меѓународната асоцијација на тур-оператори на Антарктикот (IAATO) за АА истакна дека интересот за Антарктикот се зголемува од ден на ден и дека ќе продолжи да расте и во наредните години.
Лајнс нагласи дека посетите на регионот треба да се спроведуваат одговорно за да се избегне какво било нанесување штета на природата.
Таа рече дека на бродовите кои носат над 500 патници не им е дозволено да го посетат континентот.