Aness Suheil Barghoti
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас го назначи високиот претставник на Фатах, Мухамед Иштије за нов премиер, јави палестинската новинска агенција ВАФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Штајех, член на Централниот комитет на Фатах, ќе го замени Рами Хамдалах, кој ја поднесе својата оставка во јануари по предлог на Фатах.
Фатах тврди дека чекорот бил преземен поради „непопустливоста“ на нејзината ривалска група Хамас и „нејзиното одбивање за договор со националната Влада за помирување“.
Помеѓу Хамас и Фатах се појавија несогласувања откако по уличните судири во 2007 година Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа од Фатах.
Иштије е палестински политичар и економски експерт, роден во 1958 година во село во близина на градот Наблус, на Западниот Брег.
На функцијата министер за јавни работи и домување бил во периодот 2005 - 2006 и 2008 - 2010, а бил и на чело на Палестинскиот економски совет за развој и обнова.
Иштије е доктор по економски науки од областа на економскиот развој, а докторирал на Универзитетот во Сасекс, Велика Британија. Работел како професор и декан на Универзитетот „Бирзеит“.