Cuneyt Davut
29 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Аташето на Советништвото за култура при Амбасадата на Република Турција во Скопје, Хакан Озчелик и претседателот на Туристичко-угостителската комора на Македонија, Аркан Керим, организираа заедничка прес-конференција со цел презентирање на информации во врска со финансиската поддршка која ќе им биде дадена на туристичките агенции кои ќе носат туристи во Турција како и за средбата на министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Аташето на Советништвото за култура, Хакан Озчелик, изјави дека Средбата на министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа започнала со состанокот на експертите од засегнатите земји а потоа продолжила со состанок одржан на министерско ниво.
Информирајќи дека на состанокот на министерско ниво присуствувале Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора, Македонија и Турција, како и заменикот директор на УНЕСКО, Озчелик додаде дека: „Темата на советот на министри оваа година беше заштитата на културното наследство во Југоисточна Европа и одржливото управување, приоритетите, можностите и предизвиците со цел да се зајакне соработката во областа на културата”.
Во врска со одлуката за овозможување поддршка на туристичките агенции кои ќе носат туристи во Турција, Озчелик рече дека се преземени одредени мерки за елиминирање или минимизирање на негативните ефекти од економската криза врз туризмот, која во почетокот на 2015 година почна во Русија.
Претседателот на Туристичко-угостителската комора на Македонија, Аркан Керим, изјави дека Турција е безбедна земја и дека нема никаква причина за туристите од Македонија да не ја изберат Турција како туристичка дестинација. Исто така, Керим им порача на сите оние кои имаат најмала врска со туризмот да ги остават настрана сите политики и да се концентрираат на својата работа и да направат нешта со кои ќе дадат придонес за туризмот.