Турција

Солените пештери во Игдир беа домаќини на 10.000 посетители за време на празникот

Пештерите, кои се откриени при ископувањата што се извршуваат од минатото до денес во Солената Планина во турската област Тузлуџа, трансформирани се во Центар за солена терапија.

Hüseyin Yıldız  | 16.04.2024 - Обновена : 18.04.2024
Солените пештери во Игдир беа домаќини на 10.000 посетители за време на празникот Фото: Хусеин Јилдиз

ИГДИР (АА) - Повеќе од 10.000 локални и странски туристи ги посетија солените пештери во Игдир за време на празникот Рамазан Бајрам, известува Анадолу.

Пештерите, кои се откриени при ископувањата што се извршуваат од минатото до денес во Солената Планина во турската област Тузлуџа, трансформирани се во Центар за солена терапија.

Внатрешното уредување и осветлувањето на терапевтскиот центар, кој се наоѓа под земја, со ѕидови, таван и под целосно создадени од сол, направени се од локалните власти во 2022 година.

Пештерите, кои се наменети за давање услуги на лицата со респираторни заболувања, беа домаќини на многу посетители за време на празникот Рамазан Бајрам.

Според информациите што дописникот на АА ги доби од локалните власти, за време на празникот солените пештери ги посетиле над 10.000 посетители од околните провинции, како и од Нахчиван, Грузија и Иран.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.