Onur Usta
19 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Бројот на туристи што ја посетија Франција во второто тримесечје опадна за 4,8%, јавува Аnadolu Agency (АА).
Според објавените податоци на францускиот Национален институт за статистика (INSEE), во второто тримесечје на 2016 година, споредено со истиот период од минатата година, бројот на туристи се намалил за 4,8%.
Според податоците на ИНСЕЕ, особено има пад во бројот на туристите што доаѓаат за туристичко кампување. Бројот на странски туристи е намален за 8,5%, а бројот на домашни туристи е намален за 2,9%. Во првото тримесечје од годината бројот на туристите се зголеми за околу 1,1%.
Туристичкиот интензитет во Париз падна во второто тримесечје од годината. Споредено со истиот период од минатата година, бројот на странски туристи што престојуват во градот доживеа пад за околу 12,9%. Поради штрајкот во „Ер Франс“ во периодот од 27 до 31 јули на двата аеродрома во Париз бројот на туристите бил намален за околу 145 илјади туристи.
Франција, којашто поради терористичките напади минува низ тешки денови, прави големи напори и понатаму да биде главната меѓународна туристичка атракција. И покрај ова, паѓа бројот на туристите од Далечниот Исток.
Според податоците на „Парис ерпортс“ надлежни за управување со аеродромот во Париз, по терористичките напади има зголемување за 7% на бројот на туристи што доаѓат од Африка.
Бројот на туристи што доаѓат од земјите на Далечниот Исток е намален за 9,4%, а пак бројот на туристи од Севена Америка е намален за 0,5%.
Се истакнува дека, иако Франција во последните години прави големи кампањи, туристите од Кина и Јапонија на кои им беше отворена вратата, не ја претпочитаат Франција.