ЛОНДОН (АА) - ГОКХАН КУРТАРАН - Во главниот град на Британија, Лондон, ноќното метро коешто во викендите ќе работи со две линии, се очекува во следните 15 години во националната економија да донесе вкупно 5,4 милијарди фунти, јавува Anadolu Agency (AA).
153-годишното лондонско метро, коешто е и првото метро во светот, од 19 август во викендите 24-часовно ќе сообраќа само со две лини (Central & Victoria). Но, од есента се планира линиите во викендите да се зголемат од 2 на 5 (Jubilee, Northern ve Piccadilly).
Главната причина за одлуката да се започне ноќно метро во Лондон се 18,6 милиони туристи коишто секоја година го посетуваат Лондон и ја зајакнуваат економијата на градот.
Според пресметките на компанијата „Транспорт фор Лондон“ (Transport for London (TfL)), којашто управува со железниците во Лондон, 24-часовната работа на метрото во деновите сабота и недела, годишно на градската економија ќе ѝ донесе најмалку 360 милиони фунти. Се очекува за периодот од 15 години придонесот во лондонската економија да биде во вредност од 5,4 милијарди фунти.
И според анализите направени од страна на „Ернст и Јанг“, придонесот на ноќното метро во Лондон на годишно ниво може да биде 2 милијарди фунти. Во Лондон, каде што живеат приближно 8,6 милиони жители, според официјалните податоци од 2014 година бизнисот со кафе, баровите и рестораните коишто се отворени до доцните часови на ноќта во националната економија придонесуваат со околу 17,7 милијарди фунти.
- Туристите ќе можат да купуваат и ноќе -
Кога се земаат предвид проекциите, излегува на виделина големата економска вредност на ноќното метро во Лондон. Секоја година, странските туристи што го посетуват Лондон потрошуваат околу 15,6 милијарди фунти. Дваесет и четиричасовното работење на метрото во Лондон ќе им овозможи на туристите да одат во шопинг и преку ноќта, а со ова ќе се зголеми и потрошувачката.
Според истражувањето на компанијата „Волтера“ со седиште во Лондон, ноќното метро од туристички аспект ќе придонесе Лондон да стане привлечна дестинација. Во истражувањето на компанијата се наведува дека „78% од секоја фунта што доаѓа од туризмот во Лондон ја носат странските туристи“.
Се претставува дека вкупната бројка на биснисите во Лондон што работат до доцните часови на ноќта достигнува до 720 илјади. По активирањето на ноќното метро и заедно со ажурирањето на бизнисите, се очекува вкупниот број на вработени до 2026 година да достигне околу 1,6 милиони.
Потребата за ноќно метро во Лондон, всушност не се должи само на фактот на потрошувачката забава. Преку ноќта во градот работат околу 101 илјада здраствени институции, болници и старечки домови. Бројот на оние што работат во транспортниот сектор е околу 107 илјади.
Поради тоа што Лондон е една од најскапите метрополи во светот и поради високата платеност, особено емигрантите ги претпочитаат ноќните работи. Според официјалните податоци, во периодот од 2004 до 2006 година во ноќните сектори се отвориле околу 109 илјади нови работни места.
- Метрото ќе биде движечка сила во зголемувањето на ноќното вработување и во поддршката на стотици бизниси -
Првата активност на првиот претседател-муслиман на општината Лондон, Садик Хан, беше реализација на ветувањето на неговиот противкандидат Борис Џонсон за ноќното метро. По неколкумесечните преговори со синдикатите на вработените, беше одлучено ноќното метро да почне од 19 август, само за викендите.
Во врска со економскиот потенцијал на ноќното метро, во изјавата за официјалната веб-страница на општина Лондон, Хан кажа: „Започнувањето на ноќното метро е исклучително возбудлива можност за Лондон. Благодарение на ова, лондонската економија во ноќните часови ќе го достигне својот целосен капацитет. Освен ова, метрото ќе претставува движечка сила во зголемувањето на вработувањето во текот на ноќта и во поддршката на стотини бизниси“.
Во меѓувреме, Џон Дики, директорот на лоби групата „Лондон фрст“ (London First), којашто е формирана од претставниците на бизнис заедницата со седиште во Лондон, рече дека „ноќната економија сочинува околу 10 отсто од вкупната економија на Лондон“. Трансформацијата на Лондон во град каде што животот се одвива 24 часа ќе придонесе за зголемување на вработеноста и за големување на просперитетот“.
- 153-годишната историја на лондонското метро -
Идејата за подземна железница првпат била искажана во 1845 година, од страна на еден од адвокатите на градот Лондон, Чарлс Пирсон.
Во почетокот, идеите на Пирсон привлекоа внимание. Потоа, во 1853 година, од страна на Долниот дом беше прифатен неговиот проект. На крајот, во март 1860 година почна изградбата на првото метро во светот, во Лондон. Првото метро беше отворено на 10 јануари 1863 година, помеѓу улиците Падингтон и Ферингтон.
Околу 4 години подоцна, беа пуштени во употреба линии коишто одат до јужен Кесингтон и Вестминстер, каде што се наоѓаат британскиот Парламент и повеќето министерства.
Во 1900 година беше отворена за употреба линијата што оди во регионот којшто денес е познат како глобален финансиски центар на Лондон. Во Втората светска војна, која траеше од септември 1939 па сѐ до мај 1945 година, речиси сите метроа беа употребувани како засолниште. Денеска станиците на Халборн и Алдвич поради историската важност се под заштита на Британскиот музеј.
Во 1977 година, пак, беше овозможено со метро да се стигне до терминалите на најголемиот аеродром на Лондон, „Хитроу“. Во 2003 година пак, во Лондон почнаа да се употребуваат таканарчените „Ојстер“ рефил картичи, коишто ден-денеска се во употреба. Во 2007 година, лондонското метро го употребиле вкупно 1 милјарда луѓе.
Денеска вкупната должина на линиите на метрото е 402 километри и има 270 станици. Секоја од напредните машини чини околу 10 милиони фунти и секоја година, со отворање на нови станици се прошируваат лините на метрото.