Aysu Biçer
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА
Турција денес објави дека ќе лансира програма за сертификација на здравствениот туризам во текот на целата летна сезона 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој документ, кој ќе го издадат меѓународните институции за сертификација, ќе укаже на исполнување на високи здравствени и хигиенски стандарди во авиокомпаниите, на аеродромите и другите транспортни капацитети, сместувачки места и места за храна“, се вели во соопштението на Министерството за култура и туризам.
„Земјата сака да ги охрабри сите засегнати страни во туристичкиот сектор со цел да ги преземат сите мерки за здрав одмор преку оваа програма“, се додава во соопштението.
„Нашата програма за сертификација ќе обезбеди нашите гости во Турција да ги поминат годишните одмори безбедно и хигиенски и да се чувствуваат удобно за време на нивната посета“, рече турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
Ерсој рече дека програмата опфаќа превентивни и заштитни чекори, вклучувајќи воздушен, поморски и копнен транспорт, пристаништа за пристигнување и сите објекти за одмор, како и здравствена состојба на вработените и самите туристи.
„Ние ќе ги охрабриме сите наши транспортни и сместувачки капацитети да ги преземат сите мерки на претпазливост за здрав одмор преку добивање на сертификат“, истакна Ерсој.
Тој додаде дека Министерството планира да започне со спроведување на процесот на сертификација за хотелите од мај, со овластени објекти кои ќе бидат наведени на интернет од 1 јуни.
„Оваа програма за сертификати ќе покаже дека Турција ќе преземе пионерска улога во одредувањето на насоката за нормализација на туризмот“, заклучи тој.