Турција

Анталија ги урна сите досегашни рекорди во туризмот

- Додека минатата година во Анталија престојуваа 13 милиони и 642 илјади туристи, годинава таа бројка заклучно со 15 октомври изнесува над 14 милиони странски гости

Hatice Özdemir Tosun  | 20.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Анталија ги урна сите досегашни рекорди во туризмот

АНТАЛИЈА

Анталија, која е една од најзначајните туристички дестинации во светот, за првпат во својата историја ја премина бројката од 14 милиони туристи, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите што ги објави турското Министерство за култура и туризам, на аеродромите во Анталија и Газипаша заклучно со 15 октомври слетале 14 милиони 54 илајди и 887 туристи.

Анталија, која минатата година со 13 милиони и 642 илјади го урна дотогашниот рекорд на пречекани туристи, се подготвува оваа година да ја затвори со нов рекорд. Минатата година за 9,5 месеци Анталија ја посетија 12 милиони и 58 илјади туристи, додека оваа година во истиот период се дочекани повеќе од 14 милиони туристи. За првпат во својата историја градот ја надмина бројката од 14 милиони туристи, приближувајќи се чекор по чекор кон зацртаната бројка од 16 милиони туристи.

Анталија досега оваа година пречека туристи од 193 земји, а според бројноста, најголем број туристи пристигнаа од Русија. Во периодот 1 јануари - 15 октомври од Русија во градот пристигнале 5 милиони и 171 илјада туристи, што е пораст од 5 %.

Германија е втора на листата земји според бројот на туристи во Анталија. Годинава бројката од 2 милиони и 347 илјади туристи што ја посетиле Анталија претставува зголемување од 16 % во однос на минатата година.

Следува Украина со 776 илјади, Велика Британија со 656 илјади, Полска со 516 илјади и Холандија со 397 илјади туристи што ја посетија Анталија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın