Ekipa
21 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција многу силно го поддржува политичкиот процес, и дека не постои воено решение за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на обраќањето на ТРТ Светскиот форум (TRT World Forum 2019) во Истанбул истакна дека уште од почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, Турција се соочи со лажни обвинувања и кампањи за оцрнување.
Тој рече дека работејќи заедно со Соединетите Американски Држави (САД) на теренот, на создавање безбедносна зона, САД продолжиле да ја снабдуваат ЈПГ со оружје.
Повтори дека во операција „Извор на мирот“, што Турција ја спроведува во северна Сирија против терористите на ЈПГ/ПКК, како цел се земени само терористите, и дека вложени се многу големи напори за да не им се наштети на цивилите.
„Останаа уште 35 часа. Доколку не се повлечат (терористите) за 35 часа, операцијата повторно ќе започне“, порача Чавушоглу.
„Уште од почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, Турција се соочи со лажни обвинувања и кампањи за оцрнување“, рече турскиот шеф на дипломатијата.
Тој најави дека утре претстои состанок со Путин во Сочи, за кој рече дека е од исклучителна важност.