Meltem Bulur
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, по завршувањето на преговорите со ЕУ, истакна дека доколку преговорите со ЕУ бидат блокирани, народот ќе биде прашан како да продолжиме понатаму, јавува Anadolu Agency (AA).
„Силата ја земаме од народот. Тоа е случај и во овие моменти на блокираност. Доколку периодот на преговорите биде блокиран, тогаш, како што кажа почитуваниот Претседател, ќе го запрашаме народот како да продолжиме понатаму", изјави Чавушоглу.
Чавушоглу со министерот за надворешни работи на Малта, Џорџ Вела, имаше двојна средба и состанок на двете делегации. По средбите беше организираа заедничка прес-конференција на која стана збор за последната состојба во врска безвизниот режим на Турција и критиките кои Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, ги упати до ЕУ.
Турција со својот конструктивен став продолжува во извршувањето на потребните елементи за безвизниот режим и имплементацијата на реадмисијата, но порастот на исламофобијата во Европа се одрази врз Турција и неприфаќање од страна на европските политичари, потсети Чавушоглу, додавајќи дека ваквото делување на политичарите е загрижувачко за иднината на Европа.
Чавушоглу истакна дека не треба да се има ваков третман на една држава која исполнила 67 од 69 критериуми.
Чавушоглу соопшти дека им го пренел на своите колеги ставот во однос на тоа кои чекори Турција ќе ги преземе, а кои чекори таа нема да ги преземе, и додаде:
„На пример, рековме дека нема да направиме измени поврзани со тероризмот. Според договореното Франс Тимерманс, првиот заменик-претседател на Европската комисија, од 2 до 3 јуни во Анталија се сретна со нашите експерти. Во исто време работната група стапи во акција. Продолжуваат нашите средби со ЕУ и Советот на Европа. Вчера имавме телефонски разговор со Тимерманс. До 30-ти јуни ќе бидат рагледани 33 поглавја и ќе го поканиме Тимерманс да се сретне со нашиот министер за ЕУ и Министер за правда. Како земјите-членки на Европската унија организираат референдум за членство во ЕУ, како што ветивме, по завршувањето на преговорите и ние ќе го прашаме народот тие да го кажат својот збор. Се подразбира дека по завршувањето на преговорите ќе го прашаме народот. Ние силата ја земаме од народот. Тоа е случај и во овие моменти на блокираност. Доколку периодот на преговорите биде блокиран, тогаш, како што кажа почитуваниот Претседател, ќе го запрашаме народот како да продолжиме понатака", истакна Чавушоглу.
„Нашиот народ се чувствува многу нелагодно по дадените образложенија од страна на ЕУ и нарушена е довербата поради фактот што ЕУ не го одржа дадениот збор. И ние сме под голем притисок. Нашите граѓани и нас нѐ критикуваат. Тие сакаат уште еднаш да го преиспитаме барањето за пристапување кон место во кое има толку големо противење кон Турција. Затоа доколку дојде до блокирање на преговорите, ќе го запрашаме народот за нашите следни чекори. Ова вака кажано се толкува како закана. Ова не е закана, бидејќи за прашањата кои се од витално значење за Турција, потребна е консултација со народот. Ние се надеваме дека во наредните состаноци ќе пресуди здравиот разум и ќе го продолжиме нашиот патот кон ЕУ, особено кон воведувањето на безвизниот режим. Го бараме она што е наше право. Сакам да истакнам дека е направена неправда кон Грузија, која иако ги исполни сите критериуми, на нејзиниот народ не ѝ е овозможен безвизем режим", потенцираше Чавушоглу.