Nuray Tunçay
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека турските државјани го заслужуваат безвизниот режим и дека Турција е земја која стои зад својот збор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските државјани заслужуваат безвизно да патуваат во земјите на Шенген зоната. Турција е земја која стои зад дадениот збор. ЕУ исто така треба да стои зад својот збор. Стоење на зборот е многу битно", рече Чавушоглу.
Одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на Комисијата на ЕУ за безвизен режим на турските државјани при патувања во земјите на Шенген зоната, министерот Чавушоглу потсети дека ЕУ и Турција на 18 март потпишаа нов договор за укинување на визите, во рамките на кој се очекува безвизниот режим да започне кон крајот на јуни и додаде:
„Турција ги има потребните критериуми. Таа го направи потребното за исполнување на овие критериуми. Законите поминаа во Прламентот и ги направивме потребните технички чекори. Го вложивме потребниот напор за исполнување на сите 72-та критериуми. Можни се различни гледишта по некои прашања со ЕУ. Никој не треба да се сомнева во нашата искреност. Ние го правиме само она во што веруваме. На сила и под притисок не работиме ништо. Кога ќе се договориме, земените обврски ги реализираме. Во моментов државјаните на Турција заслужуваат да патуваат во европски земји од Шенген зоната без визи. Затоа ние, покрај патните исправи, ги привршуваме и останатите потребни регулативи. Доколку постојат одредени недостатоци, во периодот кој предстои ќе се отстранат.“
Министерот Чавушоглу истакна дека доколку ЕУ стои на својот збор ќе може да го елиминира својот скептичен став кон турските државјани.
„Последниот договор е прецизен. Доколку ЕУ стои на својот збор ќе може да го елиминира својот скептичен пристап кон турските државјани. Довербата може да се обнови.Се надевам дека сите одлуки во целиот процес ќе продолжат во позитивна насока" , рече тој.