Burak Akay
22 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во полициска акција организирана во Чанаккале, Турција, запленет е фосил на морска ѕвезда за кој се претпоставува дека датира од периодот пред две милиони години, јавува Агенција Анадолија (AA).
Екипи од Одделот за борба против организираниот криминал приведоа две лица осомничени дека имале намера да го продадат фосилот.
Фосилот е запленет, а против двете лица е започната постапка.