Ömer Tuğrul Çam
22 Јануари 2021•Ажурирај: 23 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.
Чавушоглу, по средбата на социјалните мрежи напиша дека потребно е уште повеќе да се зајакнува единството и солидарноста во Алијансата.
„Нашата земја игра водечка и клучна улога во заштитата и одбраната на Алијансата. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мисиите на НАТО во Авганистан и во Ирак“, нагласи тој.
Шефот на турската дипломатија во рамки на средбите во Брисел се очекува да се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.