Musa Ölmez
21 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
АЈДИН (АА) - Во турската област Ајдин 96-годишен пациент заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19) успеа во борбата против овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сабри Акбаш кој заедно со својата сопруга живее во подрачјето на Соќе во Ајдин, пред извесно време беше пренесен во болница поради малаксаност и главоболки.
Во болницата на Акбаш му бил дијагностициран вирусот Ковид-19.
Акбаш по 12-дневно лекување беше отпуштен од болница, а во изјава за новинарот на АА истакна дека е среќен што оздравел.
Нагласи дека сè уште има симптоми на малаксаност и порача: „Секој нека остане дома и нека се грижи за себе.“