АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на турскиот ТВ-канал 7 гостуваше во емисијата „Коридорот на главниот град“ и одговараше на прашањата од дневната агенда, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето како е постигнат договорот со САД за операцијата „Извор на мирот“, Чавушоглу рече дека од една страна терористичката организација ЈПГ/ПКК се повлекува, но од друга страна продолжува со вознемирувањето на Турција.
Истакнувајќи дека турското Министерство за одбрана (МО) подготвило извештај за сите прекршувања и вознемирувања извршени од страна на терористичката организација, Чавушоглу рече: „Ние и онака не ѝ веруваме на една терористичка организација на која не треба да ѝ се верува, бидејќи и покрај наредбите од САД кон неа, продолжува со прекршувања на договореното и со вознемирувањата, со што уште еднаш увидовме дека не треба ниту САД да ѝ веруваат. Се надеваме дека и САД го виделе тоа“.
Чавушоглу истакна дека целта на операцијата „Извор на мирот“ е отстранување на терористите од подрачјето и продолжи со зборовите:
„Со постигнатиот договор со САД, во подрачјето, терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат во длабочина од 32 километри кон југ од сириско-турската граница. И ние сакаме по истекот на 120 часа да видиме дека терористите се повлекле од подрачјето. На ист начин сакаме да видиме и дека им е одземено оружјето. Во наредната фаза, која не е воможна во овие 120 часа, сакаме да видиме дека се уништени сите изградени позиции. Значи не само повлекување, туку собирање на оружјето и уништување на позициите се дел од договорот.“
Чавушоглу посочи дека во моментов операцијата е „паузирана“ и турските војници не се повлечени од своите позиции од каде што собираат информации, и додаде: „Тоа им го зборуваме и на ЈПГ/ПКК и на американската страна. Никој нека не помислува дека нешто може да избега од пред очите на Турција. Целиот процес го следиме одблиску.“
Чавушоглу за средбата во Анкара со делегацијата на САД ја истакна чувствителноста на ситуацијата за Турција што ја предочил претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој рекол дека „со санкции нема да се постигне ништо“.
Во разговорот за време на гостувањето во програмата министерот Чавушоглу рече дека благодарение на видеата што ги подготвило Министерството за комуникации, делегацијата имала можност да види дека всушност Турција е земја која се борела против ДЕАШ, притоа покажувајќи дека и верските малцинства во Турција ѝ ја даваат поддршката.
Информирајќи дека немало какви било тензии за време на техничките средби, за одредувањето на 120-часовното паузирање на операцијата Чавушоглу истакна: „(ЈПГ/ПКК) Стана збор за што поскоро нивно напуштање на подрачјето. САД изјавија: ‘Ние веднаш ќе излеземе’. Тогаш стана збор ‘Дали можете да излезете во рок од 48 часа’, на што стана збор ‘Да бидеме реални, толкав период за потполно излегување’. Се сложивме, и нам 5 дена ни се видоа разумни.“
Чавушоглу во врска со договорот го истакна следното: „Она што го сакаме на крајот од 120 часа е следното: На тоа подрачје да не остане ниту еден терорист на ЈПГ/ПКК. Во меѓувреме ЈПГ/ПКК под различен идентитет. Тоа е така бидејќи една од причините поради која не можевме да се разбереме во минатото е што се обидуваа да ги остават терористите на ЈПГ/ПКК со сменет идентитет. Една од нивните игри беше дека наводно „ова не е ЈПГ, ова е СДС“. Би сакал да потсетам да не се обидат такво нешто.“
Потсетувајќи дека во вторник во Сочи ќе се одржи средба со Русија, Чавушоглу истакна дека со Русија имаат блиска соработка за сириското прашање.
Велејќи дека и Русија му оддава значење на територијалниот интегритет на Сирија, продолжи со зборовите: „Со Русите ќе зборуваме за отстранувањето на ЈПГ/ПКК од целото подрачје зад нашата граница, било тоа Кобани или Мунбич. Доколку режимот влезе на подрачјата на кои се наоѓаме ние, за нас тоа значи како да влегле заедно со ЈПГ. Во моментов ЈПГ и режимот соработуваат. И во минатото се обидоа, но тоа не вроди со плод. Позитивното нешто тука е дека и режимот во својата апликација до Обединетите нации (ОН) ЈПГ/ПКК ја гледа како терористичка организација.“
Чавушоглу потсети дека САД дале збор дека ЈПГ/ПКК во рок од 120 часа ќе се повлече од подрачјето и продолжи: „Што ќе се случи ако не го сторат тоа? Ние ќе продолжиме со дејностите на терен. Впрочем, тоа е дел од договорот.“
Шефот на турската дипломатија истакна дека со операцијата „Извор на мирот“ во исто време се заштитува и територијалниот интегритет на Сирија. „Нивната цел не е формирање на одделен кантон, туку формирање терористичка држава. Доколку ги разгледате реакциите, ќе го забележите тоа“, рече Чавушоглу.
Истакнувајќи дека и претходно Турција со операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ го спречила формирањето терористички коридор од ирачката граница до Медитеранот, Чавушоглу подвлече: „Операцијата „Извор на мирот“ десет пати повеќе ѝ ја објаснивме на меѓународната заедница од операцијата „Маслинова гранка“. Ги информиравме и местата кои претходно не ги информиравме. Тогаш зошто претходно реакција беше помала, а сега таа е многу поголема? Бидејќи расипавме голема игра. Тоа е причината за големата врева. Тука сакаа да формирааат голема држава на ПКК“.
Чавушоглу потенцираше дека европските земји кои на почетокот велеа дека ја разбираат загриженоста на Турција, треба да ги разберат и овие чекори што ги презема Турција со цел решавање на безбедносните проблеми и додаде: „Со оваа операција со еден камен удрени се 10 птици. Не само за нас, таа е значајна и за Сирија и за стабилноста на регионот и е операција со големо стратешко значење за безбедноста и е во значаен и вистински момент.“
На прашањето за политиката на Трамп, Чавушоглу рече: „Не би сакал да зборувам многу за претседателот на друга држава, но бидејќи тоа што го зборува е од наш интерес, и ние ги следиме неговите воздигнувања и падови. Но на крај, доколку народот на САД тоа лесно го реши, и ние тоа лесно ќе го решиме. Прво треба народот на САД да го реши тоа, бидејќи доколку за нас на Твитер се интересираат 2-3 %, тогаш останатите 98-98 % се интересираат за други прашања.“
Чавушоглу рече дека Трамп често го истакнува значењето на Турција и додаде: „И нашиот претседател зборува дека станува збор за тежок лидер, му остава на неговото право, но вели дека се добри пријатели.“
Потенцирајќи дека во САД започнала предизборната кампања, Чавушоглу рече: „Нашиот претседател се прашуваше и го интересираше како се собира толку народ. Сега гледаме дека, за разлика од останатите претседатели, митинзите ги организира во големи салони.“
Во врска со прашањето за писмото испратено од Трамп, Чавушоглу истакна: „Стилот на ова писмо него го врзува. Лошиот збор му припаѓа на сопственикот. И нивото се врзува со него. Впрочем најдобриот одговор го даде народот на САД.“
Повторувајќи дека најдобар одговор на испратеното писмо е операцијата „Извор на мирот“, Чавушоглу истакна дека Турција како сериозна држава нема да падне на тоа ниво и додаде: „Каде е местото на едно вакво писмо? Канта за ѓубре. Нашиот претседател нема да се симне на нивото на кантата за ѓубре. Особено местото му е во кантата за ѓубре на додатокот на писмото со молба за лидерот на терористите.“
news_share_descriptionsubscription_contact
