Турција, Операција Извор на мирот

Во операцијата „Извор на мирот“ неутрализирани се 988 рачно изработени бомби и 442 мини

- Турското Министерство за одбрана објави дека на подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, досега се неутрализирани 988 рачно изработени експлозивни направи и 442 мини

Ferdi Türkten  | 16.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Во операцијата „Извор на мирот“ неутрализирани се 988 рачно изработени бомби и 442 мини

АНКАРА

Турското Министерство за одбрана објави дека на подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, досега се неутрализирани 988 рачно изработени експлозивни направи и 442 мини, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на турското Министерство за одбрана се вели дека со цел да се осигура безбедноста на локалното население, турските командоси продолжуваат со акцијата за откривање и отстранување на рачно изработените експлозивни направи и мини поставени од страна на терористите на ПКК/ЈПГ.

Во соопштението се наведува дека досега во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ досега се неутрализирани 988 рачно изработени експлозивни направи и 442 мини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.