Fatma Bülbül
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Австралија денес прогласи привремена суспензија на своите воздушни операции во Сирија, по соборувањето на сирискиот борбен авион од страна на американски борбен авион, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение, австралиското Министерството за одбрана истакна дека операциите се привремено прекинати како мерка на претпазливост и дека ќе бидат продолжени во догледно време.
Исто така, во соопштението од министерството се додава дека ќе бидат продолжени воздушните операции во Ирак, каде што Австралија е исто така вклучена во коалицијата против ДЕАШ.
Во неделата, американскиот борбен авион „F/A-18E Super Hornet“ го собори сирискиот борбен авион „SU-22“, откако рускиот авион исфрли бомби во близина на трупите на Сириските демократски сили (СДФ), кои во моментот се движат кон Рака, сириското упориште на ДЕАШ.
САД ги поддржува СДФ, а американските специјални сили често ги придружуваат трупите на СДФ, како советници и обучувачи.
Поради соборувањето на авионот на нејзиниот сојузник, Русија се заканува дека ќе ги прекине коридорите со САД со кои се спречува воздушните сили ненамерно да извршат напад еден на друг.
„Како мерка на претпазливост, воздушните операции на Австралиските одбранбени сили (АДС) во Сирија моментално се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
„Заштитата на АДФ често се разгледува како одговор на голем број потенцијални закани. Персоналот на АДФ одблиску ја следи воздушната состојба во Сирија и одлуката за продолжување на воздушните операции на АДФ во Сирија ќе биде донесена во догледно време“.
Ова е првпат некоја активност од страна на руските или сириските владини сили да има сериозно влијание врз коалицијата против ДЕАШ.
Според весникот „The Sydney Morning Herald“ (Сиднеј морнинг хералд), Австралија неодамна се фокусираше на својата воздушна моќ во борбата за Мосул во Ирак и спроведе воздушни напади во Сирија во периодот од средината на април до средината на јуни.