Ekipa
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Европската Унија донирала 90 милиони евра што за помош на проектите за поддршка на сириските бегалци во Либан, Јордан и во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
УНИЦЕФ денес соопшти дека донацијата на Светскиот ден на бегалците ќе помогне заедно со земјите-домаќини на стотици илјади деца и млади луѓе да им обезбедат пристап до образование, стручна обука и психолошка поддршка.
Се наведува дека најновиот придонес на фондот на ЕУ е одговор на недостатокот од речиси 200 милиони евра за ангажманот на УНИЦЕФ во врска со сириската криза.
Оваа вест дојде само неколку дена откако УНИЦЕФ ја именуваше најновата амбасадорка, 19-годишната Сиријка, Музун Алмелехан, за прва амбасадорка на добрата волја со статус на бегалка.
Од УНИЦЕФ велат дека околу два милиони деца од Сирија живеат како бегалци во Јордан, Либан и во Турција.