Hamdi Çelikbaş
11 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека во операцијата „Извор на мирот“, која во северна Сирија ја спроведуваат Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ), неутрализирани се вкупно 342 терористи на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар изјави дека операцијата тече според планираното.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во средата соопшти дека е започната операцијата „Извор на мирот“, чија цел е да се придонесе кон воспоставување мир и сигурност во северниот дел на Сирија, како и да се оневозможи терористичкиот коридор, кој терористите на ЈПГ/ПКК настојуваат да го формираат јужно од границата со Турција.
Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ) во средата, 9 октомври, ја започнаа операцијата „Извор на мирот“, чија цел е воспоставување мир и сигурност во регионот и оневозможување на создавањето терористички коридор.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствена цел во рамките на операцијата „Извор на мирот“. Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) кои се однесуваат на борбата против тероризмот.