Zafer Fatih Beyaz
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
АНКАРА
Во рамките на операцијата „Канџа 2“ на турските вооружени сили во северен Ирак се уништуваат мини и рачно изработени експлозиви поставени од терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција, во рамките на операцијата, безбедносните сили ги откриваат минските полиња и рачно изработените експлозиви и контролирано ги деминираат.
Снимките од отстранувањето на експлозивите се споделени на профилот на Твитер на Министерството за национална одбрана на Турција.