Adam Abu Bashal
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
АБУЏА (АА) - Јужноафриканскиот град Кејптаун во изминатите три дена беше средиште на повеќекратни оружени напади во кои животот го загубија најмалку 43 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека зад нападите стои непозната група напаѓачи.
Хоспитализирани се повеќемина ранети, а полицијата во рамките на истрагата досега приведе 143 лица.
И на почетокот на минатата недела Кејптаун беше средиште на оружен напад во кој беа убиени 13 лица.