Muhammet Tarhan
24 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
КЕЈПТАУН
Во градот Кејптаун во Јужноафриканската Република завршена е реставрацијата на џамијата „Нурул Хамидије“ со помош на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ТИКА се наведува дека станува збор за џамија која е изградена пред 135 години со помош и поддршка на османлискиот султан Абдул Хамид II.
Во поглед на своите историски обележја, џамијата претставува важен симбол на поврзаноста и пријателство на двете земји.
Џамијата е именувана „Нурул Хамидије“, што во превод значи Светлоста на Хамид, бидејќи султан Абдул Хамид II помогнл во нејзината изградба, а изградбата на џамијата била потпомогната и од други муслимани.
ТИКА овој пат ја поддржа реставрацијата на џамијата, вклучувајќи ги и внатрешните работи, цртањето и калиграфијата.
Абдурауф Бу, претседателот на одборот на заедницата (џемаат) на џамијата, изрази благодарност што ТИКА ја поддржала реставрацијата на „Нурул Хамидије“, потсетувајќи дека Турската агенција за соработка и координација досега реализирала бројни проекти во Кејптаун.
Тој истакна дека џамијата станала многу привлечна и убава откако ТИКА го завршила внатрешното уредување на објектот, изразувајќи благодарност до турскиот народ и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за дадената поддршка.