Çiğdem Pala
02 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Имамот на џамијата Азиз Махмуд Худаји на Ускадар, во Истанбул, Мустафа Ефе, со својот гест на пуштање на уличните машки во џамијата, ги воодушеви граѓаните во Истанбул, но и многу други луѓе ширум светот, јавува Anadolu Agency (AА).
Откако снимката на која Ефе пушта мачки во џамијата е објавена на интернет, овој имам често го добивал прекарот "имам-пријател на мачките".
Имамот посебно внимание предизвика кај европските медиуми кои на снимката ставаа наслов "клипови кои ја рушат исламофобијата". Тој додаде дека во денешно време исламот се врзува со ужасни призори што е сосема спротивно со суштината на исламот.
Мачките кои во џамијата влегуваат со утринскиот повик на молитва, во текот на молитвата одат по џамијата или некаде заспиваат. Заблагодарувајќи се на овој гест на имамот одредени верници ја победија својата фобија од мачките.
Ефе во разговор со новинар од АА, рече дека неговиот гест не е својствен само за него, туку и дека тоа би требало да го направат и другите.
Имамот потсети на начин на кој љубовта и вниманието кон животните се покажуваа и во минатото. Така, на пример, во многу истанбулски џамии се делеше храна на гулабите.
Ефе потсети и на различните приказни поврзани за мачките и последниот Божји пратеник Мухамед. Имамот потсети и на тоа дека луѓето се обврзани да покажуваат милост и љубов кон животните, кои се како и луѓето Божји суштества.
"На друга планета или во друг систем нема животни. Значи, ако животните се во нашата околина и Бог ни ги доверил на чување" , рече Ефе и потсети дека во исламот постои внимание и грижа за растенијата, а не само за животните.
Имамот додаде дека исламот е верата на милоста и добротворството, како и дека за тоа можат да се најдат примери од животот на Божјиот Пратеник, како и четворицата халифи.
"Верата ни налага да покажуваме милост и да правиме добри дела, не само кон животните кои ги имаме во куќите, туку и кон сите животни во светот. Потребно е да се разбере која одговорност ја имаме со тоа што сме создадени како луѓе", додаде Ефе.
Имамот Ефе додаде дека мачките за време на молитвата и предавањето не им пречат на верниците и не ја валкаат џамијата. На прашањето како мачката може да биде во џамијата, Ефе потсети на тоа дека во исламското право е наведено дека мачката не е валкана, токму поради тоа може да престојува и во куќа и во џамија.
Тој истакна дека некои од џематлиите (верниците кои одат во џамија) ја победиле фобијата од мачките.
Осман Аџар беше еден од тие кои успеале да ја победат фобихата. Како што вели, тој имал фобија, откако мачка скокнала од контејнер за ѓубре, но во оваа џамија успеал да го победи својот страв.
"Порано не смеев да поминам покрај контејнер. Откако почнав да одам на молитва во оваа џамија, во почетокот се плашев од мачките кои беа тука. Не можев да се концентирам на молитвата, но тогаш сфатив дека ако имамот ги сака мачките, можеби и јас би требал. Сфатив дека јас не се разликувам од останатите луѓе тука. Доколку тие можат да обавуваат молитва каде има мачки, би требало да можам и јас. Мачките порано не смеев да ги допрам, а сега се навикнав на нив во текот на една недела" , раскажа Аџар.