Süleyman Elçin,Hüseyin Kanber
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Најмалку 20 фудбалери се повредени во сообраќајна несреќа која се случи во Анталија во Турција, кога автобус кој пренесувал екипа на аматерскиот фудбалски клуб „Долајаба” на зимски подготовки, се превртел, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи на правецот Анталија - Испарта, кога возачот на автобусот изгубил контрола над него и се превртел во местото Караоз.
Сите фудбалери се евакуирани од автобусот низ искршените прозорци, а 20-тина од нив поради полесни повреди се пренесени во ближната болница каде им е укажана лекарска помош.
Возачот на автобусот Сами Келтиоглу за АА кажа дека до несреќата дошло поради лизгавиот коловоз и обилниот дожд.
Фудбалскиот тим од Истанбул бил на подготовки во спортскиот комплекс во Манавгат кај Анталија, а од клубот не се соопштува дали подготовките ќе продолжат.