Oktay Özden
27 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
АНТАЛИЈА (АА)- Фестивал на олдтајмери којшто е одржан во Анталија, во Турција, привлече големо внимание не само кај домашните, туку и кај странските посетители. Фестивалот " Поздрав до зимата" ги собра сопстевниците на популарниот турски олдтајмер, а на него се изложени 40 автомобили од Анталија и околината. Бројни автомобили за оваа прилика се украсени во различни натписи, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторот на активноста е клубот "Група 124" кој е основан 1973 година во Анталија, а денеска брои повеќе од четири илјади членови.
"Тука се изложени автомобили од периодот од 1971 година до 1976 година. Секој автомобил има свое име. Изложени се автомобили кои чинат 950 евра но има и од оние кои чинат осум илјади евра", рече претседателот на клубот Осман Колемен и додаде дека веќе неколку години традиционало се одбележува овој фестивал.
Посебно внимание привлекува автомобилот на Сехмнус Сумер во кој е вграден систем кој овозможува автомобилот да "состави" шест од седум реченици.
" Работиме на тоа да можеме да воспоставиме конверзација со автомобилот. Ова е модел од 1975 година. Додадов грамафон во него и овозможи автоматско функционирање на прозорците, палење и гасење на автомобилот. Од друга страна автомобилот и зборува. Кога ќе притиснете копче може да рече "помош" . Инспирацијата ни беше турскиот комичар Џем Јилмаз", рече гордиот сопственик Сумер и додаде дека во автомобилот ја внел својата душа и срцето, како и дека автомобилот за него е како дете.
Интересен примерок на автомобил "Мурат 124" е автомобилот на Мухарем Демиркан кој во него вградил камера, мини фрижидер како и многу други додатоци. Демиркан рече дека многу го цени автомобилот и дека нема да го продаде за цена пониска од десет илјади долари.