Tutku Şenen
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
МОСКВА (АА) – Русија ги пушти летовите кон јужните одморалишта на Анталија, по забраната која беше ставена поради соборувањето на рускиот воен авион, изјавија денес руските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руското цивилно воздухопловство "Росавиация", ѝ дозволи на авиокомпанијата "Ural Airlines" да лета за Анталија, изјави државната новинска агенција RIA Novosti. Агенцијата не даде објаснување за одлуката.
Авиокоманијата "Ural Airlines" ќе лета седум пати неделно од Ростов-на-Дон, Низни Новгород и Казан до Анталија - омилената турска дестинација на Русите.
Кремљ ја забрани продажбата на пакет-аранжмани и чартер летови кон Турција откако руски воен авион беше соборен од страна на турскиот авион Ф-16 над турско-сириската граница, нарушувајќи го воздушниот простор на Турција на 24-ти ноември.