Ekipa
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Џон Кери, државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) пристигна во Брисел, на разговори со претставници на Европската унија (ЕУ) и Белгија за тоа како да му се спротистават на екстремизмот и тероризмот. Кери за време на својата посета на белгискиот главен град ќе им оддаде почит на жртвите од неодамнешните терористички напади на аеродромот и метро станицата, јавува Anadolu Agency (AA).
Интересно е тоа што Кери слета на аеродромот Завентем, кој сè уште е затворен, откако таму во вторникот наутро одекнаа две експлозии. Американскиот државен секретар во Брисел пристигна од Москва, каде што во текот на посетата ја нагласи итноста од постигнување на единство во борбата против ДАЕШ. Оваа група ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а над 200 беа повредени.
За време на кратката посета, Кери ќе се сретне со Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, Шарл Мишел, белгискиот премиер, како и со министерот за надворешни работи на оваа земја Дидиер Рејндерс и белгискиот крал Филип. Посетата ќе ја искористи и за да положи цвеќе на спомен-местото на жртвите од нападот на аеродромот Завентем.