Michael Hernandez
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Имам и уште едно лице беа смртно застрелани вчера, откако излегле од џамијата во Квинс, Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата се застрелани околу 14 часот по локално време (1800GMT) во близина на џамијата во Паркот Озон, додека се враќале дома од молитва.
Имамот, идентификуван од полицијата како Маулама Аконџи (55), е застрелан во главата исто како и неговиот придружник, неидентификувано 64-годишно машко лице.
„Очевидци ѝ кажаа на полицијата дека машко осомниченичено лице избегало од местото на настанот со пиштол во раката”, соопшти заменикoт инспектор од њујоршката полиција, Хенри Саутнер.
Осомничениот сè уште е на слобода а Саутнер истакна дека досега не се утврдени мотивите за убиството.
Еден локален жител, за весникот „Њујорк пост” истакна дека напаѓачот ги избрал неговите цели пред да избега пеш од местото на настанот.
„Имаше еден вагон луѓе од едната страна на улицата, и една девојка од другата страна на улицата, а тој ги зеде за мета само нив двајца”, рече граѓанинот.
Афаф Нашер, извршниот директор на њујоршкиот огранок на Советот за американско-исламски односи изјави дека сторителот мора да биде „што поскоро уапсен и да се соочи со силата на законот”.