Hasan Tosun
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ВИЕНА (АА) - На меѓународниот аеродром Швегат во австрискиот главен град Виена, се појавија претходно објавени вести на австриските медиуми, кои во многу негативен контекст говорат за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Всушност, овие денови, во одредени австриски медиуми се појавија вести со тврдењата дека „Турција одобрува влегување во сексуални односи со лица помлади од 15 години”. Овие наслови со пропагандна содржина се појавија на едно од паноата на виенскиот аеродром, што предизвика реакции.
Како што дознава новинарот на АА од дипломатски извори, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, покренал иницијатива за отстранување на ваквите вести, што по интервенција на турската амбасада во Виена е и направено.
Да потсетиме дека и пред неколку недели на истиот аеродром се појави натписот „Со заминување во Турција го поддржувате Ердоган”. Овој натпис е исто така отстранет, по интервенција на Министерството за надворешни работи на Турција.