Aldıjana Hadzıc
14 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
РАМАЛА (АА) - Палестинецот Рами Нахла својот дом во бегалскиот камп Ел-Џалазун во Рамала, го претворил во „мал рај”, јавува Anadolu Agency (AA).
Нахла, кој со своето семејство живее во зградата, одлучил да внесе „живот” во сивилото на згради и тесни улички. Токму љубовта кон растенијата го поттикнала пред четири години да направи градина во која ќе бидат засадени различни видови на цвеќиња.

На балконот на неговиот дом може да се видат 70 видови цвеќиња кои бараат големо внимание и љубов. Дека грижата за растенијата изискува многу, свесна е и сопругата на Рами, Сабрин, која му помага во одржувањето на градината. Тие секој ден минуваат по неколку часа грижејќи се за растенијата и цвеќињата, кои може да се каже дека станале дел од семејството.
Ова еколошки свесно семејство решило фрлените пластични шишиња да ги искористи како саксии за цвеќе и да ги постави на метална конструкција на балконот, и така да направи висечка градина.
Балконот на ова семејство стана оаза на мириси и цвеќиња со бела, црвена, портокалова, виолетова и жолта боја.