Adem Şalvarcıoğlu
07 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Откриено е дека чеканоглавите ајкули можат да преживуваат како вегетаријанци. Според „Фокс њуз“ (Fox News), истражувачките тимови од универзитетите „Ирвин“ и „Флорида“ во Калифорнија, откриле дека чеканоглавите ајкули можат да живеат како вегетеријанци.
И покрај тоа што е познато дека ајкулите имаат месојаден дигестивен систем, во текот на истражувањето, три чеканоглави ајкули, во текот на три недели биле хранети само со мов. Направените истражувања покажаа дека можат да ги варат растенијата.
Истражувачите истакнаа дека чеканоглавите ајкули кои се хранеле со растенија, ја зголемиле својата телесна тежина, и дека растенијата кај тој вид ајкули би можеле да се претворат во хранлива вредност.
Саманта Ли, од истражувачката група, изјави дека чеканоглавите ајкули се познати како месојадци, но нивниот дигестивен систем, исто така е погоден и за варење на растенија.
Во истражувањето се наведува дека и другите видови ајкули би можеле да се хранат со растенија.