Турција

„Зелената џамија“ во Турција наликува на ботаничка градина со цвеќињата и бршлените

- „Зелена џамија“, изградена во 1930 година, поради градината исполнета со цвеќиња и бршлени што се обвиткуваат околу минарето, ги воодушевува сите што ќе ја погледнат.

Oktaj Omeragikj  | 12.09.2025 - Обновена : 12.09.2025
 „Зелената џамија“ во Турција наликува на ботаничка градина со цвеќињата и бршлените

СКОПЈЕ (АА) - Џамијата Ќопруќој, која се наоѓа на брегот на реката Сејхан во турскиот град Адана, позната како „Зелена џамија“ поради бршлените што го покриваат нејзиниот надворешен ѕид и минарето, привлекува внимание со шарените цвеќиња што цветаат во нејзината градина и нијансите на зелена боја, јавува Анадолу.

„Зелена џамија“, изградена во 1930 година, поради градината исполнета со цвеќиња и бршлени што се обвиткуваат околу минарето, ги воодушевува сите што ќе ја погледнат.

Најважна карактеристика на овие бршлени е што иако го опкружуваат минарето, сепак не предизвикуваат никаква штета бидејќи листовите му паѓаат во зима. „Зелена џамија“ е една од најважните џамии во Адана од визуелен аспект.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.