Турција, спорт

Турција се пласираше во финалето на Евробаскет по убедливата победа над Грција од 94:68

- Во финалето на Евробаскет 2025, закажано за недела, 14 септември, Турција ќе игра против актуелниот светски шампион Германија, додека Финска и Грција ќе играат за третото место.

Emre Aşıkçı  | 12.09.2025 - Обновена : 13.09.2025
Турција се пласираше во финалето на Евробаскет по убедливата победа над Грција од 94:68

РИГА (АА) – Турската кошаркарска репрезентација убедливо ја совлада селекцијата на Грсија со резултат од 94:68 и се пласираше во финалето на Евробаскет 2025 каде силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Германија, известува Анадолу.

Турција одлично го започна натпреварот во Рига и поведе против Грција со резултат од 7:0. Турските кошаркари беа многу подоминантни во секој сегмент од играта, а Ерџан Османи постигна 14 поени во првата четвртина, четири тројки од четири обиди.

Доминацијата на Турција продолжи и во втората четвртина, во која Грците не можеа да им се спротивстават на турските репрезентативци, кои на полувреме заминаа со предност од 18 поени (49:31).

Грците се обидуваше да направат нешто за да се вратат во игра, но Турција успешно ја држеше играта во свои раце и ја сочува предноста од најмалку 20 поени во текот на целата трета четвртина.

На нешто повеќе од една минута пред крајот на натпреварот, селекцијата на Турција достигна неверојатна предност од 30 поени, што најдобро ја потврдува доминацијата на турските кошаркари на овој натпревар. На крајот Турција ја совлада Грција со резултат 94:68.

Најефикасен играч во редовите на Турција беше Ерџан Османи со постигнати 28 поени, додека најефикасен играч за Грција беше Костас Слукас со 15 поени.

Во финалето на Евробаскет 2025, закажано за недела, 14 септември, Турција ќе игра против актуелниот светски шампион Германија, додека Финска и Грција ќе играат за третото место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın