економија

Европскиот совет ги зголеми прогнозите за раст на БДП на Турција за 2019 година

Извештајот прогнозира дека турската економија ќе забележи раст од 3,1 отсто во 2020 година и 3,5 отсто во 2021 година

Gökhan Ergöçün  | 07.11.2019 - Обновена : 08.11.2019
Европскиот совет ги зголеми прогнозите за раст на БДП на Турција за 2019 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Извештајот на Европскиот совет, „Економска прогноза, есен 2019“, објавен денеска, зголемени се очекувањата за раст на БДП на Турција за оваа година од минус 2,3 отсто на 0,3 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Извештајот, од кој претходната верзија беше објавена изминатата пролет, исто така прогнозира дека турската економија ќе забележи раст од 3,1 отсто во 2020 година и 3,5 отсто во 2021 година.

Претходната прогноза на извештајот за 2020 година за растот на БДП изнесуваше 3,9 отсто.

„Економијата закрепна побрзо отколку што се очекуваше од минатогодишната валутна криза, како резултат на големиот фискален стимул и силниот придонес кон растот на нето-извозот“, се вели во извештајот.

Турската економија во 2017 година доживеа раст од 7,4 отсто, додека минатата, 2018 година, 2,6 отсто.

Новата економска програма на Турција, претставена кон крајот на овој септември, предвидува цел на раст за оваа година од 0,5 отсто и до 5 отсто за следните три години.

Во извештајот на Европскиот совет се предвидува и пад на стапката на невработеност на 13,7 отсто оваа година, 13,3 отсто следната година, додека во 2021 година да изнесува 12,9 отсто.

Индексот на потрошувачки цени, познат и како стапка на инфлација, според извештајот, се очекува да изнесува 15,3 отсто во 2019 година, 10,3 отсто во 2020, и 9,3 отсто во 2021 година.

Според извештајот, очекувањата за раст за ЕУ се 1,4 отсто, за еврозоната 1,1 отсто, 1,7 отсто за напредните економии, 3,9 отсто за новите економии и оние во развој, и 2,9 отсто изнесува очекуваниот раст на светската економија за 2019 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.