Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 20.000 цивили во изминатите два дена побегнаа од внатрешноста на сириската покраина Идлиб кон турската граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради нападите на силите лојални на режимот од сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од Идлиб, од регионите Марет ал Нуман и Серакиб мигрираат во местата на самата сириско-турска граница.
Шефот на Координацијата за дејствување во Сирија, Мухамед Халаџ, за АА изјави таа организација се занимава со евидентирање на миграциите во Идлиб и дека забележале дека во изминатите два дена најмалку 20.000 луѓе побегнале во местата во пограничниот појас.
Тој изјави дека од почетокот на ноември минатата година од Идлиб во пограничниот појас побегнале 379.523 цивили.
Се стравува дека во случај на продолжување на режимските напади би можел да тргне и бран на мигранти од регионот Џабел ал Завија и дека кон турската граница би можеле да тргнат додатни 250.000 цивили.
Бегалците од Идлиб во пограничниот појас престојуваат во оскудни шаторски населби и чекаат меѓународна помош која им е многу потребна. Дел од бегалците бараат спас во местата кои на северниот дел на Сирија се ослободени по антитерористичките операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.
Пред почетокот на сириската војна во Идлиб живееја два милиона луѓе, а на почетокот на војната бројот на жителите е преполовен поради жестоките судири. Во март 2015 година сириските опозициски сили го зазедоа Идлиб и тој оттогаш е своевидна тврдина на сириската опозиција.
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за 4 деескалациони зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалационата зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.600 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција за една година ја достигна бројката од околу 1 милион.